понеделник, февруари 16, 2026
Дома СКОПСКА Положено свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на...

Положено свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на ослободителите кај зградата на Владата

449

По повод 81 година од ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, како и пред споменикот на ослободителите во близина на зградата на Владата, а новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски изјави дека денес борбата е против нечистотијата и запоставеноста, но суштината е иста – подобро Скопје.

На чествувањето присуствуваа претставници од Сојузот на борци, од Градот Скопје предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставници од Собранието и Владата на Македонија, од кабинетот на претседателката, Армијата, како и од Црвениот крст.

Фото: (П.С.)

ИЗДВОЕНИ