Според податоците на Евростат, во 2025 година, алатките за генеративна вештачка интелигенција ги користеле 22 проценти од Македонците на возраст од 16 до 74 години. Од нив 15,76 отсто ги користеле за приватни цели, 8,55 за работа, додека 4,21 проценти во формалното образование.
Во Европската унија пак, во 2025 година, 32,7 проценти од луѓето на возраст од 16 до 74 години користеле алатки за генеративна вештачка интелигенција. Мнозинството ги користеле за приватни цели (25,1 процент), додека 15,1 процент ги користеле за работа, а 9,4 проценти во формалното образование.
Податоците доаѓаат од анкета за употребата на информациски и комуникациски технологии во домаќинствата и меѓу поединците, објавена од Евростат.
Норвешка е на врвот, со 56,32 проценти од граѓаните кои користат алатки за генеративна вештачка интелигенција. По неа следуваат Данска со 48,44 проценти и Швајцарија со 47,02 проценти, по што следуваат Естонија (46,6 проценти), Малта (46,5 проценти)…
Во овие земји, вештачката интелигенција е широко распространета и во професионални средини, на пример, во Норвешка 35,44 проценти од граѓаните ја користат за работа, во Швајцарија 34,40 проценти, а во Данска 27,17 проценти.
Од друга страна, најмал удел на корисници на генеративна вештачка интелигенција е забележан во Романија (17,8 проценти), Италија (19,9 проценти) и Бугарија (22,5 проценти).
Во Хрватска, според податоците на Евростат, во 2025 година, алатките за генеративна вештачка интелигенција ги користеле 27,52 проценти, во Словенија, 37,56 проценти, во Унгарија 29,56 проценти, во Босна и Херцеговина 20,3 проценти и во Србија само 18,6 проценти.












