Директорот на болницата Шифа во градот Газа, д-р. Мохамед Абу Салмија изјави дека 21 дете починало од неухранетост и глад низ Појасот Газа во последните 72 часа, пишува Би-Би-Си.
Тој за Би-Би-Си изјави дека околу 900.000 деца во Газа страдаат од глад, а 70.000 од нив се во состојба на неухранетост. Тој предупреди на можноста за „алармантен број на смртни случаи“, особено кај пациенти кои страдаат од дијабетес и заболувања на бубрезите.
Со информациите презентирани од д-р Салмија, Министерството за здравство под управа на Хамас во вторникот објави дека дополнителни 15 лица починале од глад и неухранетост во изминатите 24 часа. Со ова, вкупниот број на смртни случаи од глад и сродни причини се искачи на 101, вклучувајќи 80 деца, според истиот извор.
Од крајот на мај, кога започна дистрибуцијата на хуманитарна помош под покровителство на израелско-американската иницијатива Газа Хуманитарна фондација (GHF), речиси секојдневно има извештаи за убиени Палестинци додека се обидуваат да достават помош.
И израелските власти и ГХФ ја доведуваат во прашање точноста на бројките објавени од Министерството за здравство на Хамас, но бројките презентирани од ова тело се широко прифатени како одраз на податоците евидентирани од болниците во Газа.