18-годишен Македонец професионален убиец! Црногорската полиција го бара Андреј.Т за обид за убиство на шкаљарецот Кан

2398
Фото: Полициска управа на Црна Гора, Фејсбук

Црногорската полиција го бара македонскиот државјанин, Андреј Танасковски (18), под сомнение за обид за убиство на Марко Љубиша Кан (56), жител на Будва, соопштија денес од Полициската управа.

Полицијата апелираше до граѓаните да пријават доколку го видат Танасковски или доколку тој побара сместување од нив, со предупредување дека секое свесно прикривање информации може да биде кривично дело.

Осумнаесетгодишниот Македонец, Андреј Танасковски, минатата недела се обиде да го убие Марко Љубиша, познат и како Кан (56), од Будва, соопшти Полициската управа. Тие апелираа до граѓаните да пријават доколку го видат Танасковски или доколку тој побара сместување и предупредија дека секое намерно прикривање информации може да биде кривично дело.

„Полициската управа, откако го идентификува и процесуира до обвинителството на осомничениот сторител на кривичното дело обид за убиство – А.Т. (18), државјанин на Северна Македонија, кој избега вооружен, ги повикува граѓаните веднаш, доколку имаат сознанија дека тој изнајмил сместување или на друг начин престојува во објекти на територијата на Црна Гора, да достават информации за ова лице до најблиската полициска станица, преку дежурниот број 122 или анонимно на бројот 19969“, беше објавено од Полициската управа.

Според информациите на полицијата Танасковски испукал два истрела од огнено оружје во правец на Марко Љубиша, кој во таа прилика се здобил со повреди на главата. Напаѓачот по злосторството избегал и оттогаш му се губи трага. На Марко Љубиша веднаш му е укажана лекарска помош, по што е пуштен на домашно лекување.

Кан беше ранет пред осум дена, на базенот од хотелскиот комплекс во Пржно, а вооружениот напаѓач, за кој се верува дека е Андреј Танасовски, избегал.

Се верува дека атентатот врз Кан бил однапред испланиран.

„Постои основано сомнение дека непосредниот сторител на кривичното дело, А.Т., за време на планирањето и подготвителните дејствија, го искористил својот престој како гостин во хотел под фалсификуван документ – лична карта на име Ј.Г., како државјанин на Република Србија, како начин на инфилтрирање во спроведувањето на криминални активности“, соопшти полицијата.

Според сознанијата на Вијести, тој користел лажен документ за идентификација во кој биле внесени податоците на српскиот државјанин Јован Г., роден во септември 2006 година. Андреј е обвинет за обид за убиство, нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материјали и фалсификување документи, пишуваат црногорските медиуми.

Инаку, Марко Љубиша, познат како Кан, се смета за водач на будванската екипа која е блиска до Шкаљарскиот клан и „трн во окото“ на спротивниот Кавачки клан, кој неколку пати се обиде да го ликвидира.

Тој неколку пати бил цел на атентатори и преживеал најмалку три обиди. Во август 2019 година, тој и двајца негови телохранители биле нападнати во Будва кога неколку напаѓачи пукале кон нив со автоматско оружје. Интересно е што напаѓачите биле маскирани со силиконски маски.

ИЗДВОЕНИ