Бројот на жртви во пожарот што минатата недела уништи седум облакодери во Хонг Конг се искачи на 160, соопшти локалната полиција во понеделник, додавајќи дека уште шест лица се водат како исчезнати.
Расте црниот биланс од пожарот во Хонг Конг, 146 жртви во катастрофалниот пожар
Комесарот на полицијата, исто така, во понеделник изјави дека следната фаза од работата на локацијата ќе вклучува отстранување на скелињата за да се бараат тела, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Најлошиот пожар во Хонг Конг во последните 17 години го зафати висококатниот станбен комплекс Ванг Фук Корт на 26 ноември.
Пожарот започнал и се проширил од бамбусовото скеле поставено околу зградите како дел од планот за реновирање на Ванг Фук Корт, објави кинескиот весник.
Истрагата за пожарот во Хонг Конг открива многу пропусти – досега приведени 15 лица












