16 септември 20:16 часот Плоштад, тивок собир за одбележување на шест месеци од трагедијата во Кочани

37

Движењето “Кој е следен” на социјалните мрежи информира дека младите од Студентско пленумско движење за вторник 16 септември, денот на навршување на шест месеци од трагедијата во Кочани, планираат тивок собир и ѕвездено небо за 62-те згаснати млади животи во кочанската дискотека “Пулс”.

Собирот е закажан на Плоштад Македонија за 20:16 часот.

Како што пишува во објавата тоа не беше несреќа, тоа не беше трагедија, тоа беше масакр. Свирепо убиство од страна на досфункционалните институции и партискиот картел.

Велат: НАЈВАЖНО E:
• Да не престанеме да се бориме за вистината
• Да не останеме неми пред неправдата
• Да преземеме одговорност секој на свој начин!

ИЗДВОЕНИ