четврток, февруари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА 16-годишник фатен без возачка довола во Струга, полицијата му го одзеде возилото

16-годишник фатен без возачка довола во Струга, полицијата му го одзеде возилото

12
pexels-pixabay

На 25.02.2026 во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „фолксваген туран” со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16 – годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.

По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и го одзедоа возилото.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, велат оттаму.

ИЗДВОЕНИ