Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање  на пректот за брзата пруга од Коридорот 10.

– Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10 – велат од Финансии.

Имено, Министерството за финансии достави писмо за барање интерес до 24 финансиски институции. Рокот за одговор беше 7 јули 2025 година. За реализација на проктот се бараа  1,91 милијарда евра.

Министерството за финансии го испрати барањето за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и комерцијални банки врз основа на Заклучок на Владата. Заедно со барањето Министерството за финансии испрати до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така беше разгледано од страна на Владата.

ИЗДВОЕНИ