Полицијата во Виена откри серија пожари кои предизвикаа страв кај локалното население во неколку градски општини, а зад палењето стојат три девојки, кои доброволно се предадоа и ги признаа делата, наведувајќи дека запалиле 18 пожари „од досада“ во текот на ноември.
Две осумнаесетгодишници и едно седумнаесетгодишно девојче се осомничени за подметнување пожари во општините во Виена, објавува денес австрискиот портал „Кронен Цајтунг“.
Две од нив беа уапсени во Херналс, додека третата доброволно се пријави во полиција истиот ден.
Сите три признаа дека се виновни во истрагите, а полицијата вели дека досадата била мотивот за подметнување на 18 пожари во ноември.
– Кривичната истрага реши 18 случаи на подметнување пожар со штета од шестцифрен ранг – изјави портпаролката на полицијата Јулија Шик.
Девојките се приведени додека истрагата продолжува, а според полицијата, тие најчесто предизвикале помали пожари, како што е подметнување пожар на контејнери, пренесе „Танјуг“.












