Во Британија се запленети повеќе од 2.000 лажни инјекции за слабеење

23

Британските власти запленија повеќе од 2.000 лажни инјекции за слабеење во фабрика во Нортхемптон, што се верува дека е најголемата заплена од ваков вид во светот, пренесе „Танјуг“.

Регулаторот за лекови на Велика Британија и полицијата открија нелегален објект кој произведувал и дистрибуирал нелиценцирани вакцини, објави „Скај њуз“.

На местото беа пронајдени сурови хемикалии, опрема, десетици илјади празни пенкала и 20.000 фунти во готово. Проценетата улична вредност на фалсификуваните вакцини е речиси 23.000 евра.

Министерот за здравство Вес Стритинг ја опиша заплената како „победа во борбата против криминалците кои ги ставаат животите во опасност со продажба на опасни и нелегални вакцини за слабеење“.

Тој ја повика јавноста да не купува лекови од нерегулирани извори бидејќи со тоа „ги полнат џебовите на криминалците на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните“.

Раководителот на единицата за спроведување на криминалот на Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи (MHRA), Енди Морлинг, рече дека заплената е „пресвртница и голем удар врз нелегалната трговија“ и нагласи дека производите се „нетестирани, неовластени и потенцијално смртоносни“.

Досега не се извршени апсења во врска со заплената.

Официјалните вакцини за слабеење во Велика Британија се достапни само за пациенти кои ги исполнуваат строгите критериуми преку Националната здравствена служба (NHS), додека приватните рецепти можат да чинат стотици фунти месечно.

ИЗДВОЕНИ