Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За утре се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во текот на денот ќе се движи од 6 до 16 степени.
Според прогнозата на УХМР, од понеделник до среда температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината. Пораст на дневната температура се очекува од четврток.