Измамник убедил 80-годишна Јапонка дека е во вселената и дека му требаат пари за кислород

50

Осумдесетгодишна Јапонка испратила пари до измамник кој ѝ кажал дека е астронаут заглавен во вселенски брод и му требаат пари за да купи кислород.

Тие воспоставиле контакт во јули преку социјалните медиуми. Измамникот ѝ кажал на жртвата, која живее на северниот јапонски остров Хокаидо, дека е астронаут и тие продолжиле да ја развиваат својата онлајн врска.

Измамникот на крајот ѝ рекол дека „во моментов е во вселената на вселенски брод“ и дека е „под напад и му треба кислород“.

Полицијата во Хокаидо објави дека жртвата, која живее сама, потоа била убедена да префрли околу еден милион јени (5.800 евра) на сметката на измамникот. Полицијата верува дека станува збор за „романтична измама“ каде што измамниците ги искористуваат луѓето што бараат љубов.

Полицијата ги предупреди луѓето дека треба да бидат сомничави ако лице што го запознале преку интернет им побара пари.

ИЗДВОЕНИ