
Рускиот тенисер Данил Медведев, наполни 29 години во февруари и има сезона за заборавање. Се мачи напорно на теренот, испадна од топ 10, воопшто не се снаоѓа добро. Рускиот тенисер е познат и како некој што нема проблем јавно да каже што мисли, без оглед на тоа како другите можат да го протолкуваат тоа. Така создаде хаос сега кога објави дека ќе ги бојкотира натпреварите што ќе почнуваат во 11 часот.
– Разговарав со мојот тим и им реков: Слушајте, кога ќе наполнам 35 години, ќе ги бојкотирам натпреварите што се играат во 11 часот наутро. Навистина го мислам тоа, нема да играм, ќе се откажам од нив. Ќе објаснам дека сум се успал, дека не сум се разбудил на време. Жал ми е, рече Медведев во изјава за британскиот „Гардијан“.
Очигледно е дека тој не е утринска личност и некој што сака такви работи, но сака да спие подолго.
– Според мене, 11 часот за натпревар е прерано. Мора да се разбудите околу 6:30 наутро. Ако играте навечер, тогаш станувате околу 9 наутро. Тоа ја менува целата перспектива на натпреварот. Од ментален аспект, тоа е навистина лудо, заклучи Медведев.
Некои други тенисери се согласуваат со него. Меѓу нив е и неговиот сонародник Карен Хачанов, кој објасни дека „лажниот почеток на натпреварот“ многу го мачи. Замислете распоред во кој натпреварот започнува во 15 часот, на пример, а потоа има доцнење затоа што претходниот натпревар не бил завршен на време или има некоја причина за доцнењето.
– Тешко е повторно да се разбудиш. Да речеме, се подготвуваш за натпреварот, полн си со адреналин, подготвен си да излезеш на теренот, а потоа одеднаш – се игра уште еден сет. Потоа размислуваш дали да одиш да јадеш или можеби повторно да спиеш. Или да погледнеш во телефонот, да погледнеш во таванот, да играш карти со тимот, што и да е. Има моменти кога не знаеш што да правиш, искрено рече Хачанов.