Судијката од Кривичниот суд Ленка Давиткова го одложи стартот за судењето против екс директорот на Геријатрија кој беше затекнат од полицијата со пари како поткуп, побарани од жена која сакала да згрижи болен член од семејството. Причината за одложување беше неприсуство на адвокатот на обвинетиот Мухсин Алити, кој пак беше донесен од затворот Скопје. До него седеше и неговиот соучесник Блерим Амити, обвинет за кривичнито дело Примање награда.
Според обвинението, директорот побарал поголема сума пари од сведок – давател на доживотна издршка, за да овозможи болнички прием на лице во тешка здравствена состојба. Иако се работело за службено дејствие што морал да го изврши, тој го условил со лична корист.
Второобвинетиот ја примил договорената сума во негово име, со цел да изврши влијание и да го поттикне директорот да ја исполни својата обврска.
При примање на дел од договорените 20 000 евра, второобвинетиот бил фатен на лице место од страна на полицијата.
Судењето е закажано за крајот на август.