– Нашата општина е пример како може локалните заедници да создаваат одржливи и иновативни решенија. Кавадарци, иако е потврдена винска туристичка дестинација во Македонија, сепак, досега отсуствуваше стратешко планирање за развојот на туризмот – изјави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, на работилницата за финална валидација „Стратегија за екотуризам за Општина Кавадарци и посета на Кавадаречкиот Дол“, во организација на УНДП.
Тој информираше дека стратегијата, како финален документ, ќе биде дадена на усвојување во Советот на Општината на првата наредна седница и дека ќе се реализираат голем дел од планираните активности до крајот на неговиот мандат
Преку Фондот за градски експерименти, преку зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе ја промовира циркуларната економија и ќе гради екотуристичка понуда, која ќе ги поврзува винарниците, културните знаменитости и стопанствата.
Ова го истакна градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, на работилница во Кавадарци.
– Нашата општина е пример како може локалните заедници да создаваат одржливи и иновативни решенија. Кавадарци, иако е потврдена винска туристичка дестинација во Македонија, сепак, досега отсуствуваше стратешко планирање за развојот на туризмот – изјави Јанчев на работилницата за финална валидација „Стратегија за екотуризам за Општина Кавадарци и посета на Кавадаречкиот Дол“, во организација на УНДП.
Тој информираше дека стратегијата, како финален документ, ќе биде дадена на усвојување во Советот на Општината на првата наредна седница и дека ќе се реализираат голем дел од планираните активности до крајот на неговиот мандат.
Јанчев додаде дека во рамките на овој проект, веќе се организирале низа работилници и консултативни сесии со заедницата и со приватниот сектор и дека се направени анализи и сесии со сите засегнати страни за идентификација на приоритетите, со цел да се изгради заедничка стратегија, што е резултат на инклузивен процес.
Според него, овие активности ќе овозможат создавање нови работни места и ќе ги зголемат туристичката понуда и долготрајноста на посетите.
– Имаме чест да ја презентираме финалната верзија на стратегијата, која е достапна за сите присутни медиуми и заинтересирани страни. Ова е уникатна можност за сите да се запознаеме со она што заеднички го креиравме благодарение на досегашната работа, како и со визијата за развој на Кавадарци како зелена, одржлива и иновативна дестинација – нагласи Јанчев.
Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан, додаде дека во последниве три години УНДП работи на неколку проекти заедно со Општина Кавадарци и дека нивната вредност изнесува над петстотини илјади американски долари.
Тодор Ефремов, секретар во Општината, рече дека оваа стратегија е развиена во рамките на „City Experiment Fund“, регионална иницијатива што е дел од словачкиот Трансформациски фонд и е финансирана од Министерството за финансии на Словачка.
– Преку оваа иницијатива, УНДП ги поддржува локалните самоуправи во справувањето со комплексните урбани предизвици, применувајќи стратешка иновација и системско размислување – наведе Ефремов.












