Општина Центар на 28 јуни, од 20:00 до 21:30 часот, на плочникот кај Клубот на новинарите ќе организира настан под отворено небо што ќе биде уникатен спој на филмска музика, класичен звук и на модерен израз. Станува збор за „Центарска симфонија“ на која специјален гостин ќе биде Александар Тарабунов, а ќе настапат камерен оркестар и бенд.
– Посетителите ќе може да ги слушнат безвременските теми од филмовите што ја обележаа нашата култура во ново, моќно симфониско руво. „Центарска симфонија“ е музичко патување низ емоциите, спомените и современите интерпретации во срцето на Скопје. Подгответе се за магична вечер под отворено небо – потенцираат од Општина Центар.
Проектот е составен дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2025 година.