петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Скопје ќе добие Ресурсен и Центар за образование и рехабилитација за лица...

Скопје ќе добие Ресурсен и Центар за образование и рехабилитација за лица со попреченост од 16 години, па нагоре

48

Град Скопје ќе започне постапка за обезбедување на целосна документација и враќање на земјиштето, со што се создаваат услови за воспоставување на Ресурсен центар со станбено домување и Центар за образование и рехабилитација за лица со попреченост од 16 години, па нагоре. Центарот ќе биде лоциран во Драчево.

-Нашите планови се темелно да се реконструираат веќе постоечките објекти, а паралелно да се постават и нови, современи и целосно прилагодени простори. Ќе се изградат и нови игралишта  – изјави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Тој заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска и  градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска-Трајкоска, како и здруженијата, го посетиле просторот каде што оваа идеја ќе с тане реалност.

-Грижата за лицата со попреченост не смее да биде само декларативна. Таа мора да се гледа, да се чувствува и да значи сигурност за нив, но и за нивните семејства. Токму затоа, Град Скопје како основач, заедно со Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кисела Вода, го започнуваме овој процес во кој активно ќе бидат вклучени и здруженија и фондации. Ова е чекор со кој покажуваме дека овие категории граѓани не се заборавени и дека нивното достоинство и квалитет на живот се наш приоритет – заклучи Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје воедно повикаа заинтересираните млади лица, младински организации и сите субјекти поврзани со младинска работа да резервираат термин за бесплатно користење на Младинскиот хаб на Град Скопје кој е отворен во соработка со УНДП  во Домот на културата „Кочо Рацин“ и кој претставува современ, отворен и инклузивен младински центар создаден по мерка на младите, нивните идеи, потреби и потенцијал.

-Овој простор е замислен да биде живо јадро на младинската енергија, место каде што младите самостојно ќе иницираат и реализираат свои настани и проекти, а студентите и младите професионалци ќе учат, работат и напредуваат преку работилници, обуки и менторски процеси – наведуваат градските власти.

Терминот можа да се резервира на меил адресата: [email protected] или на следните телефони на контакт лицата: Игор Стојчевски – 078/308 436, Стефо Јанкулоски – 079/274 624 и Моника Илиевска – 078/301 058.

Резервацијата на термините може да се направи секој работен ден во периодот од 08:00 до 16 часот.

Од Град Скопје велат дека со отворањето на Младинскиот хаб, јасно ја потврдуваат својата заложба за системска поддршка на младите и за создавање силна, иновативна и активна младинска заедница, како двигател на иднината на нашето Скопје.

 

 

ИЗДВОЕНИ