Според информации од советникот од Град Скопје, Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) веќе почнале да ги повлекуваат автобусите во гаражите. Што ќе ги очекува скопјани, не одговори никој од надлежните во ЈСП. Од Град Скопје, пак, во препознатлив стил и тон упатија писмено соопштение во кое обвинуваат дека главниот снабдувач со горива на автобусите „Пуцко петрол“, иако имал активен договор со ЈСП за испорака на нафта, ја прекинал доставата само за да креира хаос во Скопје

 

Дали е на повидок нова криза со јавниот градски превоз, не се знае. Главниот снабдувач со горива на автобусите за градскиот сообраќај во главниот град, „Пуцко петрол“, ја прекинал испораката на нафта, а според информации од советникот од Град Скопје, Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) веќе почнале да ги повлекуваат автобусите во гаражите. Што ќе ги очекува скопјани, не одговори никој од надлежните во ЈСП.

Од Град Скопје обвинија дека поради силен политички притисок, Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучил на обидите за креирање хаос во Скопје. Градските власти додаваат дека иако имал активен договор со ЈСП за испорака на нафта, „Пуцко“ ја прекинал доставата.

– Истото, уценетиот го направи и за предновогодишните празници, ги остава граѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето, само да се задоволат суетните лидери од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи – велат од Град Скопје во писменото соопштение напишано во нивен стил.

Најавуваат дека ќе поведат соодветна постапка за материјална и за кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта, со што, како што нагласуваат, имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.

Од Град Скопје, во препознатлив стил и тон, во писменото соопштение обвинуваат дека главниот снабдувач со горива на автобусите „Пуцко петрол“, иако имал активен договор со ЈСП за испорака на нафта, ја прекинал доставата само за да креира хаос во Скопје

(А.П.)

 

ИЗДВОЕНИ