Санкционирани 133 непрописно паркирани возила во Центар

22

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, со помош на специјалните возила „пајак“, за една недела санкционирале 133 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

 

ИЗДВОЕНИ