Општина Карпош ги информира сите граѓани кои досега не добиле Решение за наплата на данок на имот за 2025 година, дека можат да ги регулираат своите обврски, така што ќе се обратат до урбаната заедница на која и припаѓаат.
Исто така, граѓаните можат да се обратат директно до Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци во Општина Карпош (улица „Радика“, број 9).
За повеќе детали, граѓаните можат да се информираат, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот на телефонските броеви: 02/3055-942, 078/486-054, 078/487-636, 070/263-522 и 071/221-111.
Од Општина Карпош потсетуваат дека данокот за имот за 2025 година може да се плати и по електронски пат на следниот линк на Град Скопје – https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml