Рекордни 7.000 метри нови линии на улично осветлување годинава

93

Општина Илинден интензивно продолжува со поставување нови линии за улично осветлување во сите населени места низ општината.

Од Општината информираат дека во август биле поставени нови линии за улично осветлување во вкупна должина од 1.700 метри.

– Комплетно е осветлен патниот правец Илинден – Пуста Кула во должина од 1.200 метри, крак на улица „9“, во Кадино ,во должина од 70 метри, крак на улица „1“, во Ајватовци, во должина од 150 метри, крак на улица „1“ и осветлување пред училиштето во Бунарџик, во должина од 230 метри, како и крак на улица „2“, во  Мралино, во должина од 50 метри – соопштија од Општина Илинден.

Оттаму  додаваат дека е во тек поставување дополнителни 2.500 метри нови линии за улично осветлување, и тоа на улиците; „119“, „120“ и дел од улицата „106“ во населеното место Јака, во должина од околу 1.000 метри. Потоа, патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“ во  Делјадровци, во должина од околу 1.100 метри

– Покрај тоа, во наредниот период ќе започне и реализацијата на нов проект за улично осветлување на патниот правец Бујковци – Мршевци, каде ќе бидат поставени нови канделабри со ЛЕД-осветлување, во должина од околу 400 метри. А, во наредниот период ќе се продолжи и со поставување на улично осветлување низ сите населени места во општината – нагласуваат од Општина Илинден.

Притоа, наведуваат дека со овие активности, како и со претходно реализираните 2.120 метри нови линии, вкупната должина на поставено улично осветлување во текот на една календарска година ќе достигне рекордни 7.000 метри.

– Тоа претставува јасен доказ дека Општина Илинден останува посветена на подобрување на јавната инфраструктура, со цел создавање побезбедна и поквалитетна средина за живеење на сите граѓани – заклучуваат од Општина Илинден.

 

ИЗДВОЕНИ