Од денеска, шестоседната жичница е целосно во функција и е отворена за панорамски прошетки, нудејќи им на посетителите уникатно доживување и прекрасни погледи кон нашата планинска околина.
Од ски центарот „Попова Шапка“ инфомираат дека климатските услови остануваат непроменети.
-Сепак, се надеваме дека свежите снежни врнежи ќе пристигнат наскоро, што ќе овозможи скијачката заедница целосно да ужива во ски-патеките на нашиот ски-центар- соопштија од ски центарот.
При тоа, додаваат дека со подобрување на условите, планираат официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваат да ги пречекаат посетителите, на девајќи се на сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства.












