– Не возиме од вчера. Причината е тоа што ЈСП не ни го сервисира долгот кој изнесува 150 милиони денари од јануари (2,44 милиони евра) и тоа за сите три пакети – истакна Зафировски.
Тој додаде дека имаат информација оти Градот Скопје има уплатено 40 милиони денари токму за нив и ги чекаат тие пари.
– ЈСП треба да ни ги префрли тие пари и штом тоа ќе се случи, ние веднаш ќе ги вклучиме автобусите – вели Зафировски, нагласувајќи дека други средства за нафта и за тековно одржување на автобусите немаат. Тој упати молба и апел до ЈСП да ги уплати парите и им се извини на граѓаните, барајќи од нив разбирање
Приватните автобуски превозници од вторникот повторно не возат на линиите низ градот и приградските населби. Граѓаните на автобуските постојки револтирани долго чекаат автобус, а и оној од ЈСП што ќе дојде е преполн. Возниот парк на ЈСП нема капацитет да ги опслужи сите патници.
Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници за весникот ВЕЧЕР потврди дека приватните автобуси не возат од вчера. Тој рече дека ЈСП не им го сервисира долгот кој од јануари изнесува 150 милиони денари (2,44 милиони евра) и тоа за сите три пакети.
Тој додаде дека имаат информација оти Градот Скопје има уплатено 40 милиони денари токму за нив и ги чекаат тие пари.
– ЈСП треба да ни ги префрли тие пари и штом тоа ќе се случи, ние веднаш ќе ги вклучиме автобусите – вели Зафировски, нагласувајќи дека други средства за нафта и за тековно одржување на автобусите немаат.
Тој упати молба и апел до ЈСП да ги уплати парите и им се извини на граѓаните, барајќи од нив разбирање.
На крајот на мај истече двегодишниот договор кој во 2023 година го потпиша Градот со групацијата од три приватни превозници – „Јофи Бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“. Зафировски рече дека договорите им се продолжени.
– Не е вистина дека не ни се продолжени договорите. Ако не ни се, нема да можеме да возиме – дециден е Зафировски.
Превозниците очекуваат наскоро да се објави нов повик за распределба на линии. Тие ги покриваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 автобуси.
Пред две години, градоначалничката Данела Арсовска ги прекина договорите со „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, обвинувајќи ги за непочитување на договорни обврски. По неколку месеци на преговори и неуспешни јавни огласи, беше склучен нов договор со три приватни превозници и автобусите повторно се вратија на улиците.
(А.П.)