сабота, јануари 17, 2026
Дома СКОПСКА Подигнати 55 м2 отпад од диви депонии

Подигнати 55 м2 отпад од диви депонии

52

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во вторникот подигнале и транспортирале приближно 55 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во општините Чаир и Центар

 

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во вторникот, подигнале и транспортирале приближно 55 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во општините Чаир и Центар.

– Најголем дел од активностите се одвиваа во Општина Чаир, каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Оваа локација претставува таканаречена црна точка, каде што веќе подолг период континуирано се фрла отпад на јавни или на сообраќајни површини. Во оваа скопска општина е интервенирано и на булеварот „Македонско-косовска бригада“, како и на улицата „Цветан Димов“, при што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно фрлен кабаст и градежен отпад – соопштија од претпријатието.

На првиот ден од Божик, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ подигнале и приближно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања, фрлен покрај улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.

 

 

ИЗДВОЕНИ