четврток, октомври 22, 2026
Дома СКОПСКА Почна реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

Почна реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

1

Започнаа градежните активности за реконструкција на улиците „Бутелска и „Радишанска.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски информираше дека реконструкцијата опфаќа нов асфалт, нови тротоари и нова атмосферска канализација.

-Тоа значи побезбедно движење, уредени улици и решавање на проблемите со кои граѓаните се соочувале со години.Основни услови за достоинствен живот што секое маало ги заслужува – истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека истовремено, во Бутел се гради и мега-паркот на површина од 86.000 квадратни метри, огромна зелена површина што ќе стане ново место за прошетки, детска смеа, рекреација и заеднички семејни моменти.

-Исто така, во тек е и процесот за изградба на кружниот тек, како и уредувањето на речното корито на Серава – нагласи скопскиот градоначалник.

ИЗДВОЕНИ