Почна со работа отворениот градски базен во рамките на СРЦ „Градски базен – Куманово“. Базенот е достапен за посетителите секој ден од 10:00 до 18:00 часот.
Градскиот базен е подготвен согласно со сите пропишани стандарди за хигиена и безбедност, со редовни дежурства на спасителите и со дополнително обезбедените содржини за посетителите.
Од Општина Куманово ги повикуваат сите љубители на водните активности, семејствата и младите рекреативци да ги искористат летните денови за разладување, рекреација и за забава во безбедна и пријатна средина.