Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата што учествуваат во јавниот сообраќај на патиштата задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема.

Согласно со одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како зимска опрема на моторните возила се подразбира: за моторните возила што не надминуваат 3.500 килограми, зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторните возила со погон на четири тркала (4×4): зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри; пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната оска, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената оска.

За моторните возила што надминуваат 3.500 килограми: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри; пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала, автобусите и товарните моторни возила, кои, поради технички причини, не може да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици што на својата бочна страна ја имаат ознаката MS, M+S, M & S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно со одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување пневматици со клинци.

Од МВР апелираат до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема, бидејќи така се овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Координативен состанок на Зимската служба на Општина Битола

Во Општина Битола, денеска се одржа координативен состанок на Зимската служба. при што градоначалникот Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и раководителката на Одделението за комунални дејности – Марјана Спасевска ги запознале претставниците на претпријатијата што се дел од Зимската служба на Општина Битола, СВР Битола и другите претставници со програмата за Зимската служба 2025-2026 година, која ќе се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Општина Битола.

– Преку организациската поставеност се дефинира обемот на работите и на задолженијата на директните учесници вклучени во реализацијата на оваа програма, како и начинот на нивното дејствување. Координирањето на активностите во зимски услови го врши координативно тело формирано од градоначалникот, а навременото организирање и планирање на интервенциите е со цел подготвеност на Зимската служба за соодветно постапување во зимски услови – соопштија од Општина Битола.

 

 

ИЗДВОЕНИ