Обновување на старите и поставувње нови детски катчиња

31

Од Општина Кисела Вода информираат дека во изминатиов период работеле на обновување на старите, како и на поставување нови детски катчиња на нивната територија.

-Се работи за нови детски катчиња, нова урбана опрема, клупи, фонтани, нови подлоги на игралиштата со полипропиленски под што официјално се користи за летните Олимписки игри. За најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече добиваат модерни и безбедни простори, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема кои ги нудат овие места. Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво – нагласуваат од Општина Кисела Вода.

Градоначалникот на Општина  Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, апелираше до родителите и дечињата да ги чуваат новите реквизити, а доколку забележат вандалско однесување веднаш да пријават до надлежните полициски служби.

 

ИЗДВОЕНИ