Крушево во престижната група на топ-100 зелени дестинации во светот

28

На свечената церемонија во Монпелје, Франција, Општина Крушево се стекна со глобалното признание  Топ-100 зелени дестинации 2025. Со ова се препознава развојот на одржливиот туризам како главен двигател на локалниот економски развој.

– Преку пишувањето на приказната за зелени дестинации, општина Крушево ја зајакна визијата за уште поинтензивен развој и за надминување на предизвиците кои влијаат на туризмот и на животната средина. Ова признание не е само потврда за досегашните напори, туку и моќна алатка за меѓународна промоција и маркетинг, стекната во конкуренција со дестинации од 33 земји ширум светот – соопштија од Општина Крушево.

Оттаму додаваат дека „Зелена дестинација 2025“ е доказ дека кога заедницата дејствува обединето, резултатите се глобално препознаени.

– Општината Крушево, заедно со сите чинители, покажа дека одржливиот туризам не е само цел, туку и патека кон економски пораст, зачувување на природата и подобрен квалитет на живот – нагласуваат од локалната самоуправа.

 

 

ИЗДВОЕНИ