– Претседателка на скопското друштво на нудистите била познатата дама, секогаш активна и инвентивна, госпоѓа Шана Виќентиевиќ. Дивите плажи на Вардар биле идеално место за нудистите, иако, се разбира, тие ги избирале најскришните и најосамените места, далеку од очите на јавноста. Тоа го правеле и на тајните места на реката Треска. А најчесто, со пајтони се упатувале кон Катланово. Таму, на реката Пчиња, бил нивниот нудистички рај. По угледот на Шана, во тој клуб на нудистите учествувале личности од познати скопски семејства – напишал во своите записи скопскиот хроничар Данило Коцевски.
Тој додава дека во триесеттите години во Скопје се случил еден скандал, кој индиректно бил поврзан со нудистите, а за кој зборувал целиот град. Скандалот се случил на плажата во Ханриево, денешното Ѓорче Петров. – Местото било многу посетено од капачи, доаѓале млади дами и момчиња со своите друштва, но и цели семејства со децата. Еден млад човек, пред очите на сите присутни, се соблекол гол и во познатиот нудистички стил, се капел и се сончал како да е сосема сам! Присутните биле вџашени од глетката. Особено што младиот човек не бил кој било, туку лекар по професија. Него го придружувал еден пријател, кој исто така учествувал во нудистичката сеанса. Двајцата, угол голи, се капеле во Вардар, а потоа се сончале на плажата, заедно со другите изненадени капачи – наведува Коцевски
Куриозитет е податокот дека Скопје многу рано, уште во периодот меѓу двете војни, го фаќал чекорот со Европа формирајќи први нудистички плажи, залагајќи се на тој начин многу смело за ослободување на телото од традиционалните стеги.
– Претседателка на скопското друштво на нудистите била познатата дама, секогаш активна и инвентивна, госпоѓа Шана Виќентиевиќ. Дивите плажи на Вардар биле идеално место за нудистите, иако, се разбира, тие ги избирале најскришните и најосамените места, далеку од очите на јавноста. Тоа го правеле и на тајните места на реката Треска. А најчесто, со пајтони се упатувале кон Катланово. Таму, на реката Пчиња бил нивниот нудистички рај. По угледот на Шана, во тој клуб на нудистите учествувале личности од познати скопски семејства – напишал во своите записи скопскиот хроничар Данило Коцевски.
Тој додава дека во триесеттите години во Скопје се случил еден скандал, кој индиректно бил поврзан со нудистите, а за кој зборувал целиот град. Скандалот се случил на плажата во Ханриево, денешното Ѓорче Петров.
– Плажата во Ѓорче Петров се наоѓала во близината на Арифбеговиот јаз, и оттаму, низводно, започнувале другите познати плажи. Местото било многу посетено од капачи, доаѓале млади дами и момчиња со своите друштва, но и цели семејства со децата. Еден млад човек, пред очите на сите присутни, се соблекол гол и во познатиот нудистички стил, се капел и се сончал како да е сосема сам! Присутните биле вџашени од глетката. Особено што младиот човек не бил кој било, туку лекар по професија. Него го придружувал еден пријател, кој исто така учествувал во нудистичката сеанса. Двајцата, угол голи, се капеле во Вардар, а потоа се сончале на плажата, заедно со другите изненадени капачи – наведува Коцевски.
Ете како во Скопје многу одамна, дури и пред другите во Европа, започнале сексуалната револуција и борбата против патријархалниот морал и за слобода на голото тело. Како што истакнал Коцевски, младиот лекар интелектуалец, веројатно сето тоа го смислил за да искаже некој свој интимен револт. Или, пак, како, што пишува, можеби се замислувал во улогата на „гол филозоф“, но таа негова филозофија не поминала толку лесно.
– Сето тоа се сметало за повреда на јавниот морал, започнале озборувањата, а ниту печатот не можел едноставно да помине преку тој скандал. Се појавиле написи во кои се велело дека капењето и сончањето во костимот на Адам, сепак е премногу: „Покрај сите непријатности, кои илјадници капачи на Вардар ги имаат секојдневно, се јави за нив уште една нова непријатност, една нова напаст во Ханриево, (Ѓорче Петров) каде што секојдневно се капат голем број дами. Напаста се јави во личноста на еден млад лекар и неговиот пријател. Тие, без оглед на присуството на дамите и на децата, се капат и се сончаат во костимот на Адам“. Значи, сосема голи – раскажува Коцевски.
Критичарите на овој гест нашле допирни точки со нудизмот: „Ние знаеме дека во светот има поддржувачи на голотијата на т.н. нудисти, но, го знаеме и тоа дека сите тие имаат свои клубови со оградени терени каде што се капат и се сончаат, не вознемирувајќи ги противниците на оваа идеја“. Загриженоста одела дотаму што се поставувало прашањето кој гарантира дека сето тоа нема да се повтори. Во написите понатаму се вели: „Знаеме дека треба да се чекори со времето, но во тоа не треба да се претерува. Што може да помине во Париз или во некоја друга европска метропола, не може во Скопје. А во ваква грда форма, не може да помине дури ни таму“.
Тајните места на Вардар ги користеле нудистите уште пред војната. Но, ете, во Скопје, сето тоа, сепак поминало.
Коцевски направил споредба со денешните состојби за да се види колкава голема била димензијата на скандалот.
– Ако денес, во 21 век, скандал предизвика голотијата претставена во камена пластика изложена јавно во паркот Жена-борец, што да се каже тогаш за „живата голотија“ видена во тоа далечно време? Монокини-костим за капење, со разголени женски гради, првпат се појавил во Мичиген, во шеесеттите години, и предизвикал скандал. Моделот бил приведен од полицијата. Затоа, случајот со голиот маж на плажа, можеби благодарејќи на смелоста на младиот лекар и неговиот другар, го вбројува Скопје во „предреволуционерните“ градови во однос на револуциите што подоцна се случија, а кои ги засегаа токму разголувањето и еротиката, сексот и моралот – завршува Коцевски.