Видеата во живо на скопската градоначалничка, преку кои директно ги посочи дивоградбите во општина Чаир, го испровоцира градоначалникот Висар Ганиу, кој претходно ја критикуваше Арсовска за работата на јавното комунално претпријатие, па вчеравечер, со група граѓани со камион истоварија ѓубре и шут пред влезот на бараките на Град Скопје. Сметот, претходно бил собран од Старата чаршија. Целта на оваа акција, според Ганиу, е да се испрати порака за негрижата и несоработката од страна на градските власти кон Чаир. Тој обвини дека општината со месеци се соочува со проблеми околу одвезувањето на отпадот и одржувањето на јавната чистота, а дека барањата упатени до Град Скопје останале игнорирани. Арсовска, пак, постапката ја нарече герила акција на Ганиу и рече дека е притисок и негов обид да се пресмета со неа заради објавувањето на неговите, како што ги нарече криминални зделки со дивоградбите. -Ќе те чекам и во Град Скопје со сите докази за дивоградбите. Никој не ти се плаши, заедно со ѓубрето што планираш да го носиш ќе те исчистиме и тебе, наведува Арсовска
Видеата во живо на скопската градоначалничка преку кои директно ги посочи дивоградбите во општина Чаир, го испровоцира градоначалникот Висар Ганиу, кој претходно ја критикуваше Арсовска за работата на јавното комунално претпријатие, па вчеравечер, со група граѓани со камион истоварија ѓубре и шут пред влезот на бараките на Град Скопје. Сметот претходно бил собран од Старата чаршија. На местото на настанот брзо пристигнала и полиција, која интервенирала и ги растерала присутните граѓани.
Настанот поминал без посериозни инциденти, но со силна симболика и порака за лошата соработка меѓу локалната и градската власт. Целта на оваа акција, како што истакнал и Ганиу е да се испрати порака за негрижата и несоработката од страна на градските власти кон Чаир. Тој обвинил дека општината со месеци се соочува со проблеми околу одвезувањето на отпадот и одржувањето на јавната чистота, а дека барањата упатени до Град Скопје останале игнорирани.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска ја осуди ваквата постапка на Ганиу, нарекувајќи ја герила акција. Таа смета дека ѝ се прави притисок и дека тоа е обид Ганиу да се пресмета со неа откако таа објави наводни негови криминални зделки со дивоградбите.
– Ти фативме низ општина Чаир со камиони како градежниот и кабаст отпад ги фрлаш во и околу наши контејнери, за да не напаѓаш, за што МВР и инспекциските служби ти го конфискуваа камионот. Седум милиони денари му должиш на ЈП Комунална хигиена. Ќе те чекам и во Град Скопје со сите докази за дивоградбите. Никој не ти се плаши, заедно со ѓубрето што планираш да го носиш ќе те исчистиме и тебе – наведува Арсовска.
Таа му се закани на Ганиу дека ќе ги упати да се соберат сите илјадници луѓе на кои Општина Чаир им земала пари за како што ги нарече „небезбедни станови во дивоградби кои никогаш нема да можат да ги легализираат“ и да дојдат пред општина Чаир за да си ги бараат парите да им бидат вратени. Потенцираше дека ваквите закани уште повеќе ќе ја мотивираат да работи и една по една сите како што ги нарече криминални зделки со дивоградбите да ги објави.
– Не се повлекувам и не постои притисок што ќе ме натера да се откажам – децидна е Арсовска.
Градоначалничката повтори дека до сега има фатено 150 дивоградби кои како што вели и институционално се писмено докажани и нотирани.
– Службено ти се вратени со сите забелешки на твојата документација, во кои забелешки најнепобитната е дека лажеш дека се градени пред 2011 година, односно градени се сега – му се обрати Арсовска на Ганиу.
Од партијата ДУИ реагираа со соопштение во кое велат дека општина Чаир, со само три квадратни километри, но дом на над 60.000 граѓани е претворена во симбол на урбан криминал и институционална злоупотреба.
– Со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило беа уништени за да им се отстапи место на нелегални и корумпирани градби. Последните откритија за стотици згради изградени со фалсификувани документи, јавно обелоденети, ја откриваат вистинската димензија на скандалот и реалната опасност што му се заканува на животот на жителите – велат од ДУИ.
И градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно на прес-конференција застана на страната на скопската градоначалничка и ја поддржа во она што таа деновиве го правеше во Чаир, иако како што рече можеби нејзините одлуки не ни се допаѓаат секогаш.
-Ги отвори очите на цела Македонија. Покажа со документи, со факти, како се гради на диво, како се узурпира државно земјиште без денар платен, како се перат милиони евра, како законите важат само за некои – за Карпош, Крива Паланка, Центар… А за другите? За нив нема закони, нема истраги, нема ништо – истакна Јакимовски и изрази револт од односот Владата.
Од иста причина, односно нередовното собирање на сметот, дека тој ќе и биде донесен пред канцеларија, Арсовска доби закана и од градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој заедно со своите сожители беа на протест пред бараките на Град Скопје да го изразат своето незадоволство од нехигиената и нередовниот јавен превоз.
Скопската градоначалничка бара од ОЈО да ги обезбеди доказите за дивоградбите
Скопската градоначалничка Данела Арсовска го повика Јавното обвинителство да се одважи, за да не биде ставено во функција на политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како пи-ар на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и итно да ги обезбеди доказите за дивограбите од Општина Чаир, бидејќи како што вели имаат информација оти за фалсификатите и дивоградбите активно се уништуваат докази.
– Јавното обвинителство и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас или кривична пријава. Досега пријави за дивоградби Јавното обвинителство има добиено писмено, по допрен глас, а редовно е пријавувано и во полиција – реагира Арсовска.
Меџити најави кривична пријава за Арсовска
Првиот вицепремиер на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, и порача на скопската градоначалничка, Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности.
Тој најави и кривична пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.
(А.П.)