петок, септември 4, 2026
Дома СКОПСКА ФОТОВЕСТ: Од Градскиот плоштад стартуваше 35. Издание на традиционалното мото рели „Македонија...

ФОТОВЕСТ: Од Градскиот плоштад стартуваше 35. Издание на традиционалното мото рели „Македонија – Независност“

3

Центрлното градско подрачје утринава беше исполенето со мотори. Торирањето и звукот на машините го исполнија градот. Од плоштадот „Македонија  во Скопје ќе стартуваше 35. издание на традиционалното мото рели „Македонија – Независност“. Учесниците ги очекуваат три дена и вкупно 772 километри низ Македонија.

Првиот ден се вози од Скопје преку Тетово, Гостивар, Маврово и Дебар до Струга, во должина од 205 километри. Во сабота следува најдолгата етапа од Струга преку Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино и Гевгелија до Дојран, долга 272 километри.

Последниот ден учесниците од Дојран преку Струмица, Берово, Виница, Кочани, Пробиштип, Кратово и Куманово ќе се вратат во Скопје. Последната етапа е долга 295 километри, а финишот на плоштадот „Македонија“ е предвиден меѓу 17:30 и 18:30 часот.

Утре во Скопје пак ќе се одржи Vespa Grand Prix. Имено, на големиот паркинг кај СЦ „Борис Трајковски“, спроти базенот, со почеток од 10:00 часот.  А поводот е големиот јубилеј – 80 години Vespa.

Покрај дружењето на љубителите на италијанската икона, настанот ќе има и натпреварувачки дел. Vespa возачите ќе се натпреваруваат во споро возење, Gymkhana на специјално подготвен полигон и најбрзо возење на 60 метри.

Влезот за посетителите е бесплатен, а организаторите обезбедуваат и посебен паркинг за оние кои ќе пристигнат со мотор.

(А.П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ