ФОТОВЕСТ: Паднати дрвја на улицата пред училиштето „Киро Глигоров“ 

1026

Иако немаше силен ветер, туку само врнежи од дожд, пред  центарското  основно училиште „Киро Глигоров“, утринава имаше паднати дрвја.

Дрвјата го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот, бидејќи се наоѓаше  на самата улица.  Дали при паѓањето некој е повреден  не се знае, но во тоа време поминувале ученици кои доаѓале на настава  во училиштето.

Oд Општина Центар соопштија дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на остранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“. Улицата е непроодна за возила додека не се отстранат дрвјата. Се  очекува дрвјата да бидат отстранети за  еден час.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираа дека нивните  екипи веднаш  интервенирале на расчистување на паднатите дрвја.

-Со соодветна механизација мобилните екипи ги собраа падните гранки и пристапија кон расчистување на теренот, за да овозможат непречено одвивање на сообраќајот на самата улица. На терен работите се  одвиваа координирано и со останатите  служби о д други претпријатија- одговорија од ЈП „Паркови и зеленило“.    

Се поставува прашањето: Зошто навреме не е реагирно, за дрвјата пред да паднат да бидат отстранети?  Треба ли да се случи трагедија, па надлежните да преземат соодветни мерки, но тогаш ќе биде веќе доцна.

(А.П.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ