Меѓу дванаесеттемина од Општина Кисела Вода, во Град Скопје тројца ќе бидат назначени за раководители на секторите за сообраќај, за заштита на животната средина и за поддршка на градоначалникот. Потоа, четворица ќе бидат помошници- раководители на секторите за просторно и урбанистичко планирање, за меѓународна соработка и поддршка на здруженијата и фондациите, за поддршка на градоначалникот и помошник- раководител на Секторот за општи работи, еден самостоен референт за документација, двајца возачи, од кои едниот во Одделението за помошни работи, Сектор за општи работи и еден на претседателот на Советот на Град Скопје, како и овластен помошник-инспектор за комунални дејности и самостоен инспектор за патен сообраќај
Дванаесетмина вработени од Општина Кисела Вода ќе преминат во Град Скопје. Tројца ќе бидат назначени за раководители на секторите за сообраќај, за заштита на животната средина и за поддршка на градоначалникот. Потоа, четворица ќe бидат помошници-раководители на секторите за просторно и урбанистичко планирање, за меѓународна соработка и поддршка на здруженијата и фондациите, за поддршка на градоначалникот и помошник-раководител на Секторот за општи работи, еден самостоен референт за документација, двајца возачи, од кои едниот во Одделението за помошни работи, Сектор за општи работи и еден на претседателот на Советот на Град Скопје, како и овластен помошник-инспектор за комунални дејности и самостоен инспектор за патен сообраќај.
Предлог-одлуката за давање согласност за преземање вработени, која е на дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје, треба да добие зелено светло од градските советници.
Финансиските средства за овие 12 трајни преземања вработени, како што е наведено во предлог-одлуката, се предвидени во буџетот на Град Скопје за 2025 година.
Во образложението на предлог-одлуката се наведува дека вработениот во јавниот сектор, на негово барање, по потреба на институцијата во која работи или по потреба на друга институција, може да биде трајно преземен на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација на другата институција, ако се согласат за тоа вработениот и раководните лица на двете институции, а по претходна согласност на Министерството за јавна администрација и на органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот.
– Со одредбите на овој член е предвидена можност за мобилност на вработените од една во друга институција во јавниот сектор, преку институтот преземање – се додава во образложението на предлог-одлуката за давање согласност за преземање вработени.
Ѓорѓиевски неколкупати досега изјави дека ќе создаде тим од луѓе во кои има доверба.
(А. П.)












