Центар прв блесна новогодишно, во најава и журки на отворено

44

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека целосно е завршено украсувањето на општината за претстојните празници.

– Центар блесна уште пред неколку дена. На повеќе локации е украсено, почнувајќи од Дебар Маало, улиците: „Орце Николов“, „Боемска“, Сквер Јадран, двата парка во Капиштец, плочникот кај „Агромеханика“. Накитени се вкупно десет локации во општината. Целта ни е да ја разбудиме новогодишната магија и да создадеме убава празнична атмосфера во која ќе уживаат и нашите најмали, децата – изјави градоначалникот во телевизиско гостување.

Герасимовски најави дека и годинава општината подготвува богата културно-уметничка програма за празниците.

– Ќе имаме неколку настани во декември. Подготвуваме централна вечер, која традиционално ја правиме неколку дена пред самата новогодишна ноќ. Планираме неколку изведувачи, се разбира македонски, тоа е наш белег, да ја промовираме и да ја негуваме домашната музичка сцена. Ќе има и диџеј, но и интересни дружби со нашите најмали. И оваа година продолжуваме со одличниот настан „Џез под ламбa“. Ќе има и многу други изненадувања за центарци, но и за сите оние што ќе бидат наши гости за празниците – истакна Герасимовски.

 

ИЗДВОЕНИ