сабота, јануари 31, 2026
Дома СКОПСКА Билетите за возрасни лица да се заверат до 31.01.2026 година, инаку ќе...

Билетите за возрасни лица да се заверат до 31.01.2026 година, инаку ќе бидат блокирани

365

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува своите корисници на билети за возрасни лица од старосна група – над 62/64 години, дека нивната заверка за 2026 година може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи од вчера.

– Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите билети за возрасни лица од старосна група – над 62/64 години, кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани – предупредуваат од ЈСП.

ИЗДВОЕНИ