петок, јануари 16, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатно паркирање на празникот    

Бесплатно паркирање на празникот    

119

Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ известуваат дека на верскиот празник Богојавление – Водици, 19.1.2026 година, паркиралиштата со кои стопанисува ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Оттаму додаваат дека исклучок од ова се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно со редовниот режим.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 20.1.2026 година (вторник), со вообичаеното работно време.

 

ИЗДВОЕНИ