Со одлука на Советот, Општина Лозово трета година по ред обезбеди средства за бесплатен оброк за секој ученик од прво до петто одделение како во централното, така и во сите подрачни училишта на нејзината територија.
– Во координација со менаџерскиот тим при ООУ „Методи Митевски –Брицо“, продолжуваме да чекориме напред во делот на заштита на благосостојбата на децата и покажуваме на дело што значи општината да биде вистински сервис на граѓаните – вели градоначалникот, Бошко Цветковски.