И годинава, како и многу пати до сега, членови на „Одборот за традиционална прослава на Бадник“ заедно со новиот кум Зоран Кондратенко и новиот здравичар Јаков Дренковски, во пресрет на централната манифестација Бадник 2026, утрово ги посетија штитениците на Домот за стари лица „Мајка Тереза“, за да им ги честитаат големите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од Бадникарскиот одбор им подарија овошје, негазирани сокови, погача и бадникови гранчиња, а кумот им подари клима инвертер. На овој начин Одборот ја продолжува традицијата оваа манифестација да има и хуманитарен карактер.
А за да биде овој настан во духот на празниците, се погрижи и свештено лице кое ги освети погачата и бадниковите гранчиња.












