Автобусите на ЈСП в понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред

4

Од Јавното сообраќајно препријатие „Скопје“  информираат дека во понеделник на 8.12.2025 година поради државниот празник Свети Климент Охридски, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурна од 8 до 14 часот ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата вообичаено, како и секој понеделник нема да работи.

Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичницата се неработни денови.

 

ИЗДВОЕНИ