Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утринава не собраќаат. Тоа и се очекуваше по соопштението од Град Скопје дека „Пуцко Петрол“ кој е главен снабдувач со горива на автобусите на ЈСП дека ја прекинал испораката на нафта.
По скопските улици можеше да се забележи зголелемено присуство на автобуси со бројот 23, на приватните превозници.
Повозрасните лица што чекаа на автобуските постојки, велат слушнале од некои медиуми оти од 9 часот автобусите на ЈСП нема да сообраќат.
Официјално, до овој момент од ЈСП нема никакв о известување за тоа што се случува со автобусите и како ќе се надмине оваа состојба со нафтата.