Со божествена литургија и во присуство на висок црковен клир предводен од македонскиот архиепископ г.г Стефан и многубројниот верен народ денеска беше осветена црквата посветена на големата македонска христијанска светителка, Света Злата Мегленска. Чинот на осветувањето го изврши поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан придружуван од дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј.
Во новоосветениот храм е целосно завршено внатрешното осликување, а на ѕидовите доминираат портретите на Исус Христос, на Пресвета Богородица и на Света Злата Мегленска. Но, се забележуваат и бројни фрески со ликовите на познати македонски и христијански светители – свети Иларион Мегленски, свети Еразмо Охридски, свети Јоаникиј Ракотински, свети Спасо Радовишки, свети Агатон Битолски, свети Георгиј Кратовски… Во новоосветениот храм ќе црквуваат православните христијански верници од подрачјето на општина Сарај и од околината. (Б. Ѓ.)
фото: П. СТОЈАНОВСКИ