петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Русија утре ќе лансира два ирански сателити во орбитата

Русија утре ќе лансира два ирански сателити во орбитата

92

Утре Русија ќе лансира два ирански сателити во орбитата со помош на ракета Сојуз, изјави денеска иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали.

Џалали на платформата Икс напиша дека, како дел од продолжувањето на развојот на научно-техничката соработка меѓу Иран и Русија, во вторник во орбитата на Земјата, оддалечена 500 километри, ќе бидат лансирани два ирански сателити „Ковсар“ и „Ходод“.

Иранскиот приватен сектор е одговорен за развојот на сателитите „Ковсар“ и „Ходод“, што е негово прво значајно достигнување, објави минатиот месец иранската новинска агенција Тасним.

ИЗДВОЕНИ