вторник, февруари 10, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Просечната плата повторно порасна, во септември достигна 41.585 денари

Просечната плата повторно порасна, во септември достигна 41.585 денари

1122

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација  со 11,4 отсто – соопштуваат од ДЗС.

Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8  проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари.

 

Што се однесува пак до бруто-плата по вработен, во септември 2024 година таа достигнала изнесува 62.573 денари.

ИЗДВОЕНИ