петок, јануари 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОЈО Штип изврши увид на местото каде што беше убиена 29-годишна жена...

ОЈО Штип изврши увид на местото каде што беше убиена 29-годишна жена од нејзиниот партнер

194

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена.

Едно лице е задржано во полициска станица.

При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

ИЗДВОЕНИ