сабота, февруари 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од понеделник ќе бидат ставени во функција парите од унгарскиот кредит за компаниите

Од понеделник ќе бидат ставени во функција парите од унгарскиот кредит за компаниите

73

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да се надмине бариерата од  1 милијарда евра странски директни инвестиции. Притоа најави уште најмалку две, односно четири нови странски инвестиции до крајот на годинава.

– За прв пат ќе ја пробиеме, како Македонија, бариерата 1 милијарда евра странски директни инвестиции, на крајот од годинава. Но, да почекаме. Заклучно со третиот квартал, имаме 838 милиони евра директни странски инвестиции. Очекувам да објавиме најмалку уште две и дополнително други две странски инвестиции до крајот на годинава, со што ќе бидеме водечки во регионот, ако не водечки по глава на жител. Ценам дека кај инвеститорите се враќа довербата кон институциите – рече Мицкоски.

Тој, како што рече, очекува дополнителен инвестициски бран по реализацијата на кредитот од 250 милиони евра за компаниите, кој ќе биде ставен во функција од понеделник.

ИЗДВОЕНИ