среда, јануари 28, 2026
Дома МАГАЗИН Најздравиот домашен сируп го чисти црниот дроб, ја подобрува крвната слика, го...

Најздравиот домашен сируп го чисти црниот дроб, ја подобрува крвната слика, го зајакнува имунитетот: Се пие наутро на празен стомак

263

Овој сируп е многу здрав и наменет за луѓе со слаба крвна слика. По една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеци крвната слика ќе ви биде одлична.

Освен што ја подобрува крвната слика, сирупот од цвекло за многу кратко време значително го зајакнува имунитетот, а сето тоа благодарение на големото количество минерали и витамини што ги содржи.

Покрај протеините, мастите и јаглехидратите, цвеклото содржи и минерали како што се калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, бром и други. Содржи и витамини Б1, Б2, Ц во големи количини, како и витамин Б12, кој е исклучително редок.

Антоцијанот ја дава црвената боја на цвеклото, а во исто време влијае и на регенерација на крвта, а постојат и студии кои велат дека има антиканцерогено дејство.

Јодот го забавува процесот на стареење и го зајакнува здравјето на коските.

Бетанинот го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги чисти крвните садови и ја стимулира функцијата на црниот дроб.

За да подготвите сируп од цвекло ќе ви требаат:

1 кг цвекло
Половина килограм моркови
2 портокали
Половина килограм кисела јаболка
1 лимон
500 грама домашен мед
Подготовка:

Цвеклото, морковите и јаболката излупете ги и исечете ги на ситни парчиња и ставете ги во соковник. После тоа, додадете сок од портокал и лимон и мед. Сè добро измешајте и истурете во стаклено шише.

Пијте го овој сируп секое утро на празен стомак, околу 1 dcl разреден со вода.

ИЗДВОЕНИ