недела, февруари 8, 2026
Дома ЕКО Шведска со 1,7 милиони евра ќе ги зајакнува капацитетите на Министерството за...

Шведска со 1,7 милиони евра ќе ги зајакнува капацитетите на Министерството за екологија

80

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и амбасадорката на Шведска Н.Е Ами Ларсон Џеин потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Поддршка на пристапот на Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина – Фаза 2“.

Со шведската помош ќе се работи на зајакнување на капацитетите на МЖСПП во координацијата и управувањето со процесот на приближување кон ЕУ и олеснување на преговорите од Поглавјето 27, како и подобрување на интерсекторска и меѓусекторска соработка.

Исто така, ќе се работи на зголемување на капацитетот и соработката помеѓу креаторите на политики и засегнатите страни на локално, национално и регионално ниво. Проектните активности ќе бидат сконцентрирани во секторот за ЕУ Интеграција на МЖСПП и во делот на управување со биолошката разновидност и климатската адаптација.

Проектот ќе се спроведува до 31 мај 2027 година. Финансиите, во висина од 1.7 милиони евра, се обезбедени преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), а го спроведува Шведската агенција за животна средина во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање.

ИЗДВОЕНИ