ФОТО: Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето

107

Втор протестен марш против аерозагадувањето се одржува во моментов во Скопје на иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува кон Собранието и кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје.

Од „Зелен Хуман Град“ имаат имаат четири конкретни барања за борба против аерозагадувањето во Скопје.

-Првото барање е јавен континуиран мониторинг на индустриските објекти за да се знае точно кој и како загадува. Второто барање се однесува на еколошко загревање на објекти како Детската клиника во Козле, која сè уште се загрева на мазут. Третото барање е решавање на автоцентричноста во градот, со приоритет на јавниот превоз и велосипедите над автомобилите и четвртото барање е подобро управување со отпадот – изјави Борјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“.

ИЗДВОЕНИ