Британскиот боксер Ентони Џошуа (30) во сенка го чекаше исходот од бобата меѓу неговиот сонародник Тајсон Фјури (31) и Американецот Деонтеј Вајлдер (35), а потоа неговиот промотор Еди Херн најави бомба.

Прво еден корисник на социјалната мрежа „Твитер“ напиша дека смета дека тој нема да дозволи да Фјури и Џошуа да се сретнат во рингот, по што Херн веднаш му одговори.

-Нормално дека ќе дозволам да се случи таа борба. Џошуа многу ја сака оваа борба. Тие може да влезат во рингот уште оваа година. Веќе зборував со Ентони, тој би сакал оваа борба да му биде прва. Мораме да ја договориме оваа борба. Никогаш повеќе нема да имаме шанса двајца Британци да се борат за апсолутен светски шампион во тешка категорија. Ветувам, ќе се потрудам, изјави Херн.

Сепак за одржување на оваа борба, постојан неколку пречки. Џошуа прво мора да се бори против задолжителниот предизвикувач по ИБФ – Бугаринот Кубрат Пулев, а оваа борба би требала да се одржи во јуни годинава. Меѓутоа, Херн се надева дека Вајлдер нема да ја искористи клаузулата за трета борба со Фјури. Со оглед на тоа што Пулев и Фјури имаат ист промотор, Херн верува дека правилата би можеле малку да се заобиколат.

Покрај ова Џошуа има и задолжителен предизвикувач и во верзијата ВБО – Александар Усик, така што одликување на оваа борба заради меч со Фјури значи дека ќе остане без еден шампионски појас.